Дома Трансфер зона Новиот газда на Челзи потроши половина милијарда на засилувања

Новиот газда на Челзи потроши половина милијарда на засилувања

Челзи денес и официјално го потврди трансферот на Микаило Мудрик за кого „сините“ ќе платат 100 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова лето клубот од „Стенфорд Бриџ“ доби нов сопствник, Тод Боели, кој до сега потроши скоро половина милијарда евра.

Во летото пристигнаа Весли Фофана од Лестер за 80,4 милиони евра, Марко Кукурела од Брајтон за 65,3 милиони евра и Рахим Стерлинг од Манчестер Сити за 56,2 милиони евра. Потоа Кулибали за 38 милиони евра, 18 милиони евра биле исплатени на Карни Чуквуемека од Астон Вила, 12 милиони евра на Барселона за Пјер-Емерик Обамејанг, а Чикаго Фајр доби 9,09 милиони евра за голманот Габриел Слонина.

Во овој преоден рок на „Стенфорд Бриџ“ веќе пристигнаа Беноа Бадијашиле од Монако за 38 милиони евра, на Молде му беа платени 12 милиони евра за Давид Датро Фофана, а сега Мудрик пристигна во сензационален трансфер за 100 милиони евра.

Со речиси половина милијарда евра трошок, Челзи е на 10 место на табелата со исто толку бодови помалку од позицијата која води во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…