Maдритски Реал наводно започнал преговори со напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах.
Така барем тврди новинарот на францускиот „Канал плус“ Фелипе Карајон кој во програмата на оваа телевизија истакна:
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Зинедин Зидан не го сака само Еден Азар. Постојат одредени контакти помеѓу Реал Мадрид и Мохамед Салах“, тврди Карајон.
Ова секако се големи вести. Евентуалниот трансфер на Салах во Мадрид би предизвикал потрес во фудбалска Европа, а напаѓачката игра на „кралевите“ со него и Азар би добила сосема поинаква димензија.
Сепак, освен овие тврдења на Карајон засега нема други информации за преговори помеѓу Салах и Реал Мадрид, па информацијата треба да се земе со доза на резерва.
Она што е познато е дека Реал Мадрид спрема реконструкција на тимот. Реал ова лето сигурно ќе продаде поголем број играчи, а најавите се дека Зидан за засилувања ќе има сума од 540 милиони евра на располагање.
Салах веќе две години е играч на Ливерпул и во дресот на „црвените“ постигна 70 голови на 103 натпревари.
Après Eden Hazard, une nouvelle recrue "galactique" au Real Madrid ? ✈️
?️ Philippe Carayon : "On en est au stade des premières approches entre le Real Madrid et Mohamed Salah." #LateFC pic.twitter.com/wgHj4nGSnI
— Late Football Club (@LateFootClub) May 15, 2019