Дома Топ вести Нови детали од договорот: Меси ќе добие 39 милиони и ако замине од Барса

Нови детали од договорот: Меси ќе добие 39 милиони и ако замине од Барса

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ вчера го шокираше фудбалскиот свет откако објави детали од договорот на Лионел Меси.

Весникот дојде до доверлив докомент на кој се гледа дека Меси според договорот од 2017 до денес заработил неверојатни 555 милиони евра. Од нив повеќе од 70 милиони евра се бонус за лојалност на Аргентинецот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес весникот објави нови детали и тврди дека според клаузулите во договорот, Барселона на крајот на сезоната ќе треба да му исплати уште 39 милиони евра на Меси.

Станува збор за втората рата од бонусот за лојалност и Барселона ќе мора да му ја исплати бидејќи Меси до крај го одработил договорот, дури и ако Аргентинецот на лето го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул тргнува по Де Јонг

Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг и на лето …