Дома Фудбал Англија Нова ИСТОРИЈА испишана во Премиер лигата: Венгер од денес е неприкосновен

Нова ИСТОРИЈА испишана во Премиер лигата: Венгер од денес е неприкосновен

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер од денес е нов рекордер во Премиер лигата, со оглед на тоа дека на мечот против ВБА по 811. пат се најде на клупата на „Топчиите“.

Венгер на тој начин го собори рекордот на легендарниот Алекс Фергусон, кој Манчестер Јунајтед го предводеше 810 пати.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Фергусон денес, инаку го прославува 76. роденден, а симболиката да биде поголема тој последен пат на клупата на Јунајтед беше токму на стадионот на ВБА.

Во досегашните 811 премиерлигашки натпревари, Венгер запиша 468 триумфи, 197 реми натпревари и 154 порази, не вклучувајќи го денешниот исход.

Венгер со Арсенал освои три титули во Премиер лигата и седум трофеи во ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Компани подготвува голем трансфер, Баерн веќе стапил во контакт со играч на Ливерпул

Во најновите извештаи кои доаѓаат од реномираниот германски медиум „Билд“, Баерн Минхен за…