Дома Фудбал Англија Нов хуман потег на Мурињо: Ќе помага во градината на Тотенхем (ВИДЕО)

Нов хуман потег на Мурињо: Ќе помага во градината на Тотенхем (ВИДЕО)

Португалскиот стратег Жозе Мурињо се одлучи да даде уште еден свој придонес во борбата против коронавирусот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред неколку недели Португалецот ја воодушеви јавноста со делењето на продукти среде пандемијата, а сега се реши да помага во клупската градина на Тотенхем.

Имено, во рамките на тренинг-кампот на Тотенхем има градина во која се одгледуваат овошје и зеленчук за потребите на клупскиот ресторан. Во овој момент бидејќи активностите на фудбалерите се прекинати плодовите од оваа градина се користат како донација за оние кои се најпогодени во времето на пандемијата. Во таа градина ќе работи и Жозе во следните денови.

Инаку ова не е прв хуман потег на Мурињо, пред неколку недели тој делеше пакети со храна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крај на сите дилеми: Се огласи и фудбалерот поради кој беше поништен голот на Хрватска!

Откако заврши натпреварот меѓу Хрватска и Португалија, најголемото прашање беше – да…