Дома Фудбал Англија Нов удар за Солскјер: Лук Шоу ќе отсуствува еден месец!

Нов удар за Солскјер: Лук Шоу ќе отсуствува еден месец!

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шоу ќе биде надвор од терените околу еден месец, потврдија медиумите на Островот.

Лук Шоу се здоби со повреда за време на првото полувреме на мечот со Кристал Палас, а прегледите покажале дека има сериозен проблем и ќе ги пропушти следните шест меча на „црвените ѓаволи“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Солскјер нема да може да смета на дефанзивецот на мечевите против Саутемптон, Лестер, Вест Хем, Арсенал, Ливерпул и Норвич.

Инаку минатата сезона беше прва за Шоу по доаѓањето од Саутемптон во која запиша повеќе од 20 настапи во Премиер лигата. Тој од страна на навивачите беше прогласен за најдобар играч на клубот во минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алиоски испрати емотивна порака до соиграчите: Ми се кине срцето што не сум таму!

Вечерва фудбалерите ги очекува натпреварот против Данска во полуфиналниот бараж за Светско…