Дома Фудбал Англија Нов удар за Каталонците: Одлучноста на Клоп ја решета Барселона во трансфер преговорите

Нов удар за Каталонците: Одлучноста на Клоп ја решета Барселона во трансфер преговорите

Барселона летово на сите начини се обиде да го пресели Филипе Кутињо во своите редови.

Во управата на клубот од „Камп Ноу“ во некогашниот играч на Интер го гледаат наследникот на Андреас Иниеста, а со продажбата на Нејмар заработија доволно пари конечно да се обиде да го пресели во своите редови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во тоа не успеаа, Ливерпул одлучно ја одби секоја понуда, се пишуваше дека и самиот фудбалер на разни начини се обидуваше да си го обезбеди трансферот во редовите на Барселона, но Бразилецот остана на „Енфилд“.

Сега се појави информација дека „Црвените“ изминатото лето му зададоа уште еден удар на актуелниот вицепрвак на Шпанија.

Имено, Барселона беше заинтересирана во своите редови да го пресели Наби Кеита од Лајпциг.

Играчот за врска од Гвинеја со фантастичните партии изминатата сезона го привлече вниманието кај бројните европски екипи, а Ливерпул на крајот успеа да го договори неговиот трансфер со Германците, Кеита следната сезона ќе се пресели на „Енфилд“ за 55 милиони евра.

Извршниот директор на Лајпциг, Оливер Минкалф изјави дека одлучноста на Клоп пресудила во потпишувањето преддоговор со Ливерпул, и дека германскиот клуб ја одбил Барселона без размислување.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…