Дома Трансфер зона Нкунку потпиша преддоговор со Челзи, познати деталите

Нкунку потпиша преддоговор со Челзи, познати деталите

Челзи го договори трансферот на ѕвездата на Лајпциг, Кристофер Нкунку, кој ќе пристигне на „Стенфорд Бриџ“ следното лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нкунку веќе ги минал лекарските прегледи во Франкфурт и ќе пристигне во Челзи на крајот на сезоната, односно во јуни 2023 година.

Нкунку веќе потпишал преддоговор со Челзи, а „сините“ се согласиле со Лајпциг да платат нешто повисока сума од откупната клаузула.

Нкунку во договорот има откупна клаузула од 60 милиони евра, а Челзи се согласил да плати неколку милиони повеќе за да ја победи конкуренцијата.

Нкунку минатата сезона беше најдобар фудбалер во Бундеслигата и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но сепак реши да остане уште една сезона во Лајпциг.

Челзи не сакаше да губи време и успеа да ја победи конкуренцијата, па договори големо засилување за следната сезона. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…