Oчигледно додека Меси сам не соопшти каде ќе игра следната сезона ќе постојат шпекулации за неговата иднина.
Според денешните информации на голем број светски медиуми сега Интер Мајами е најголемиот фаворит. Барселона не можела да ги исполни сите финансиски услови за да го врати Аргентинецот, а таа ситуација место Ал Хилал ја искористил Интер Мајами.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, клубот на Дејвид Бекам му претставил на Меси сериозен проект, бидејќи Аргентинецот ќе добие бонуси и од заедничкиот спонзор „Адидас“, но и од комапнијата „Епл“. Исто така, како и Дејвид Бекам некогаш ќе може да купи фудбалска франшиза за многу пониска сума.
Бекам сака да направи голема фудбалска приказна со Интер Мајами и наводно ги сака и Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Меси се обидуваше на сите начини да се врати во Барселона, се согласи да игра и бесплатно, но тоа законски не е можно. Имаше гласини дека преку Интер може да биде позајмен во Барселона, меѓутоа според последните информации тоа нема да се случи.
Дека враќањето во Барселона е скоро невозможно покажува и тоа што Жерар Ромеро кој е новинарот кој е најдобро упатен со случувањата во каталонскиот клуб објави дека постои само 1% шанса Меси да се врати во Барселона, се до пред еден ден и тој беше оптмистичен, но очигледно нешто се променило.