Манчестер Јунајтед е на продажба, Глејзерси потврдија дека по речиси 18 години се спремни да разгледуваа понуди, но сумата е астрономска, ќе бараат околу шест милијарди фунти.
Тоа значително ја намалува шансата за договор, бидејќи засега нема заинтересиран купувач кој е спремен да плати толку.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претходно како фаворит се истакнуваше најбогатито Британец Џим Ретклиф, тој и разговарал со еден од браќата Глејзер, меѓутоа во Манчестер преовладува мислењето дека не е сериозен во намерата.
Зошто?
Ретклиф е деклариран навивач на Јунајтед, но минатата година флертуваше со Челзи, иако и таму не беше сериозен, интересот го искажа дури кога беа собрани понудите и помина рокот. Затоа на „Олд Трафорд“ веруваат дека тој само сака да добие внимение од јавноста и нема намера да плати шест милијарди фунти.
Поточно, Јунајтед не очекува да се појави купувач кој ќе го исполни барањето на Глејзер. Челзи се продаде, кога се ќе се собере за 4,2 милијарди (сметајќи ги парите за Абрамович плус дополнителни пари за финансирање).
Јунајтед во овој момент важи за поголем клуб, но Челзи има многу повеќе успеси во последната деценија и се приближува по заработка, па според финансиските експерти нереално е да се вложат две милијарди фунти повеќе за купување на „црвените ѓаволи“