Дома Фудбал Англија Ни Реал, ни Барса – ова е тимот кој ќе владее со европскиот фудбал!

Ни Реал, ни Барса – ова е тимот кој ќе владее со европскиот фудбал!

Покрај гигантите од Шпанија, Италија и Германија на англиските клубови во последно време им е се потешко да се изборат за интернационален успех.

Тронот во Европа главно е резервиран за клубовите од други земји, но наскоро тоа може да се пормени бидејќи според предвидувањата на експертите, на Островот расте една фантастична генерација на млади фудбалери кој веќе од наредната сезона би можеле да ја нарушат „хармонијата“ во Лига на шампиони.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Станува збор за Тотенхем, веројатно вицешампионот на Англија оваа сезона кој во својот тим ги има некои од најдобрите млади фудбалери во светот и кои сакаат да останат во северен Лондон. И покрај фактот дека во други клубови можат да заработат двојно повеќе, тие одбиваат да заминаат бидејќи знаат дека играат за тим кој наскоро би можел да владее со Англија и Европа.

Готово сите фудбалери минатата сезона потпишаа нови, долгорочни договори со клубот кој наскоро се сели на нов стадион што значи многу поголеми приходи и уште посилна платежна моќ. Хари Кејн е прв англиски напаѓач, Деле Али е најдобриот млад играч за врска во светот, Уго Љорис е еден од најдобрите голмани во Премиер лигата. Кристиан Ериксен е најдобар асистент и желба на најголемите европски клубови, а Кајл Вокер и Дани Роус се најдобрите бекови во Премиер лигата.

Фудбалот навистина е непредвидлива игра, но овој тим на Тотенхем дефинитивно има големи шанси да владее во Англија и Европа во наредните години!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Вардар има нов газда!

Oд екипата на Вардар денес и официјално потврдија дека Атила Бижен Жалили откупил 85% од а…