Бразилската суперѕвезда Нејмар и ова лето е главна тема на трансфер пазарот, особено откако и самиот потврди дека сака да го напушти ПСЖ.
Негова најголема желба е да се врати на „Камп Ноу“, но Барса и ПСЖ никако не можат да најдат заеднички јазик.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, Нејмар по секоја цена сака да си замине од Париз, па не исклучува трансфер во друг европски гигант.
Изминатите денови се поврзуваше со Реал Мадрид, но сега во трката за неговиот потпис се вклучи и италијанскиот шампион Јувентус.
Италијанскиот клуб е подготвен да даде двајца играчи, Дибала и Матуиди, плус пари за да дојде до потписот на Нејмар.
„Мундо Депортиво“ пред неколку дена објави дека таткото на Нејмар е во Торино, со што уште повеќе се разгореа шпекулациите.
Парижаните за Нејмар бараат 250 милиони евра, па останува да видиме дали се спремни да ја прифатат понудата од Јувентус.
According to Rai Sport, Neymar's father and agent is set to meet with Juventus ⚫ ⚪
Shock move on the cards? ? pic.twitter.com/OpIUgbHT4R
— Goal (@goal) July 17, 2019