Француските медиуми веќе подолго време пишуваат дека ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар на крајот на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Паризиен“ откри дека ПСЖ веќе започнал преговори со Челзи и е спремен значително да ја намали отштетата само да се ослободи од Бразилецот.
Нејмар има цврст договор со парижаните до 2027 година и нема намера да си замине од Париз.
Желбата на Нејмар не зависи од тоа дали Лионел Меси ќе го продолжи договорот со ПСЖ и тој воопшто не размислува за промена на клубот.
Раководството смета дека Нејмар ја нарушува атмосферата во соблекувалната и ќе направи се за да се ослободи од него.