Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар бил спремен да премине на позајмица во Челзи ова лето.
Во летниот преоден рок силно се шпекулираше дека ПСЖ се обидува да се ослободи од Бразилецот, кој не е во добри односи со Килијан Мбапе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Марка“ пренесува дека Нејмар бил спремен да се пресели на „Стефорд Бриџ“, бидејќи клубот има амбиции да се бори за титулите во Премиер лига и Лига на шампиони.
Нејмар експресно ја одбил понудата на Њукасл, бидејќи клубот не одговара на неговите амбици.
Меѓутоа, Челзи не испрати конкретна понуда до ПСЖ и трансферот не се реализираше, а Бразилецот блеска оваа сезона во дресот на „светците“.