Дома Трансфер зона Немања Матиќ се сели во лутиот ривал на Челзи?

Немања Матиќ се сели во лутиот ривал на Челзи?

Англиските медиуми пишуваат дека Немања Матиќ е подготвен да го прифати повикот од Жозе Мурињо и да се пресели од Челси во Манчестер Јунајтед.

Португалецот многу го почитува српскиот фудбалер и смета дека токму тој би бил еден од најважните алки во средниот ред на клубод од „Олд Трафорд“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Од другата страна, Антонио Конте го продолжи договорот со Челзи, што значи дека тој ќе одлучи кој играч му е потребен на тимот, а кој не.

Медиумите на Островот пишуваат дека Италијанецот сака да се заблагодари на некои играчи, и покрај тоа што имаа голема минутажа во сезоната во која што ја освоија Премиер лигата, а Матиќ е еден од нив.

Преговорите на двата клуба треба наскоро да почнат, а висината на трансферот би изнесувала околку 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…