Дома Македонски спорт Мак фудбал Нема фудбал, нема промени: Македонија останува на 68-то место на ФИФА листата

Нема фудбал, нема промени: Македонија останува на 68-то место на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација останува на 68-та позиција на ФИФА ранг-листата и ја задржува истата позиција од минатиот месец.

Пандемијата на ковид-19 го диктира распоредот на фудбалските селекции на светско ниво. Откако опасниот коронавирус владее, одиграни се само 4 меѓународни натпревари, па поради тоа нема големи промени на ФИФА ранг листата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На врвот е Белгија, пред Франција и Бразил, потоа следуваат Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, а најдобрите десет ги комплетираат, Шпанија, Аргентина и Колумбија. 

Минатиот месец, поточно на 26-ти март Македонија требаше да го одигра бараж дуелот со Косово и тоа сигурно ќе донесе промени на ранг-листата, но мечот е одложен за септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…