Повикувајќи се на тврдењата на новинарот, Мохамед Алкавалени, Ријад Марез од утре ќе биде дел од својот нов клуб.
Веќе некое време е познато дека Алжирецот посакува да го напушти Лестер. Управата на клубот сфати дека нема причина со еден од најистакнатите играчи во историјата на клубот да расправа, па постави цена и очекува купувачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома прва се јави, испрати понуда тешка 38 милиони евра, што е за два помалку од цената која управата на „Лисиците“ ја бара.
Изгледа дека компромис има, со оглед на тоа дека Ријад Марез е фотографиран во просториите на клубот од „Олимпико“ во новите бои, а утре се очекува да ги заврши лекарските прегледи, во пресрет на финализирање на неговиот трансфер во редовите на Рома.
Тимот од италијанската престолнина така ќе го добие најголемото летно засилување, а воедно и најскапото засилување во историјата на клубот.
ابن بلد المليون شهيد النجم الجزائرى #رياض محرز ينضم رسميا لنادى روما الايطالى والكشف الطبى يوم الخميس القادم–خطوه ممتازه لابن عروبتى ??? pic.twitter.com/dPzEJfy5Hn
— Mohamed Alkawaleny (@Malkawaleny) July 31, 2017