Дома Фудбал Англија Нема непобедливи: Ватфорд ја прекина серијата на Ливерпул (видео)

Нема непобедливи: Ватфорд ја прекина серијата на Ливерпул (видео)

Ливерпул се „сопна“ на гостувањето кај Ватфорд и ја прекина низата на непобедливост откако запиша изненадувачки висок пораз од 3:0.

Момците на Клоп анемично го започнаа мечот и уште од стартот се виде дека ќе имаат проблеми на ова гостување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во второто полувреме целосно паднаа пред феноменалниот Исмаил Сар кој постигна два гола. Капитенот Трој Дини погоди за 3:0 и за вистинска сензација на „Викариџ Роуд“.

Со ова е прекината низата на непобедливот на Ливерпул на 44 меча и не успеаа да го срушат рекордот на Арсенал од сезоната 2003/04 кога титулата ја освои без пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тренерот на женскиот Б тим на Валенсија загина со своите три деца

Во саботата Валенсија ги потврди трагичните вести дека тренерот на женскиот Б тим на овој …