Проблемите со повреди во Ливерпул немаат крај. Последната информација која пристигна од Островот е дека дефанзивецот Џо Гомез се здобил со „сериозна“ повреда на денешниот тренинг.
Гомез се повредил на тренингот на англиската репрезентација, но се уште нема официјална информација за состојбата на играчот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми тврдат дека оваа повреда ќе го извади Гомез од терените подолго време. Тоа ќе биде голем удар за Клоп, кој поради повреда го загуби Ван Дајк за цела сезона.
Минатиот викенд се повреди и Александар-Арнолд за кого се предвидува дека ќе паузира еден месец.
Фабињо, кој го заменуваше Ван Дајк, исто така е повреден, но се очекува да се врати после репрезентативната пауза.