Дома Фудбал Нема крај за проблемите на Умтити

Нема крај за проблемите на Умтити

Централниот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити повторно ја обнови повредата и нема да биде повикан за утрешниот меч со Славија Прага во Лигата на шампиони.

Умтити добил болки во левото колено за време на денешниот тренинг, па утре ќе оди на детални медицински прегледи.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Поради истото тоа колено 25-годишниот Французин ја пропушти готово целата мината сезона.

Умтити одлучи да се лекува со конвенционална метода и одби да оди на операција, па поради тоа може да се појави рецидив на повредата.

Покрај него во составот на Барселона го нема и Серџи Роберто за утрешниот меч во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Лихт е херој на „ѓаволите“ – погоди во 96. минута за реми против Тотнем (Видео)

Возбудлива завршница во Лондон – Манчестер јунајтед извлече бод против Тотнем благодарение…