Дома Фудбал Останато Нема да продолжи фудбалот во Украина, Шахтјор е прогласен за шампион

Нема да продолжи фудбалот во Украина, Шахтјор е прогласен за шампион

Фудбалското првенство во Украина и официјално е прекинато.

На 24. февруари како и останатите спортови и фудбалот застана во Украина по нападот од Русија. Ситуацијата во Украина се уште е иста, а не се знае ни кога ќе биде подобро, затоа се донесе одлука дека лигата нема да продолжи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Конечниот пласман се смета онаков каков што е до тој 24. февруари. За нов шампион е прогласен Шахтјор кој после 18 кола имаше 47 бодови, на второто место заврши Динамо Киев со 45, трет е Дњипро со 40, па Зарја со 36 освоени бодови.

Засега не е познато што ќе биде со новата сезонава и дополнително ќе се носат нови одлуки. Не се знае ниту каква ќе биде ситуацијата со учеството на европските клупски турнири.

ТАБЕЛАТА ВО УКРАИНСКОТО ПРВЕНСТВО

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразилка ја воодушеви публиката: Заигра во петтиот месец од бременоста и доби силни овации

Бразилската одбојкарка Присила Оливеира Хелдес ја привлече вниманието на светската јавност…