Дома Фудбал Англија Незапирливиот Манчестер Сити до крајот на сезоната оди на „лов“ по четири НЕВЕРОЈАТНИ рекорди

Незапирливиот Манчестер Сити до крајот на сезоната оди на „лов“ по четири НЕВЕРОЈАТНИ рекорди

Поразот на Манчестер Јунајтед (0:1) од ВБА, најлошата екипа во Премиер лигата, му помогна на Манчестер Сити да стане шампион на Англија дури пет кола пред крајот на шампионатот.

Доминантниот тим на Гвардиола така за само еден ден задоцни да го изедначи рекордот за најрано освоената титула во Премиер лигата, кој на 14. април 2001. го постави градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Но, затоа Сити може да постави уште неколку рекорди во преостанатите пет натпревари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдостижен изгледа рушењето на рекордот на Челзи по број на победи во сезона (30), бидејќи Сити за сега има 28. Сити лови уште два рекорди кој Челзи ги постави во 2010. Тогаш постигна 103 гола (Сити сега има 93), со гол разлика +71, додека сега екипата на Гвардиола има +68.

Конечно, Сити има пет натпревари за да го направи тоа што до сега на никој не му успеа: да ја заврши сезоната со 100 бода. За тоа им се потребни уште 13 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Лопетеги добива нова шанса во Премиер лигата

Веќе е познато дека Дејвид Мојс ќе ги напушти „Чеканите“ на крајот од оваа сезона, а долго…