Поранешниот легендарен фудбалер и сегашен потпретседател во Јувентус, Павел Недвед дополнително ја разгори фантазијата кај навивачите на „старата дама“.
После враќањето на Леонардо Бонучи кој не е омилен помеѓу навивачите се огласи и Павел Недвед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потпретседателот и легенда на Јувентус, кој е и прв човек на спортскиот сектор потенцираше дека преодниот рок не е завршен.
Имено, тој после потписот на Бонучи изјави дека Лигата на шампионите, како и двојна круна во Италија се целите секоја година и дека тоа не се менува, а демантираше и дека преодниот рок е завршен за неговиот клуб.
„Не е готово“…кратко порача Недвед и така ја разбуди фантазијата кај фановите.
Претпоставките се дека Јувентус ќе купи уште еден топ играч во средината на теренот, а како фудбалери на таа позиција кои досега најмногу се споменуваа се Сергеј Милинковиќ Савиќ и Пол Погба.