Дома Топ вести Неверојатно: Реал и Барса спремаат потег кој ќе ја промени нивната историја!

Неверојатно: Реал и Барса спремаат потег кој ќе ја промени нивната историја!

Шпанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека големите ривали Реал Мадрид и Барселона ќе се одлучат на чекор кој е незапаметен во нивната историја.

Имено, како што пишува „Дон Балон“ двата клуба размислуваат следното лето да направат трампа, која ќе ја промени историјата на овие два шпански клуба.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Познат е инетресот на Каталонците кон ѕвездата на „кралевите“ Иско, кој одби да го продолжи договорот и на крајот на сезоната сигурно ќе ја промени средината.

Поради тоа Реал е спремен да и понуди на Барселона трампа, така што за возврат да го добие потписот на Иван Ракитиќ, кој оваа сезона не добива голема минутажа кај Луис Енрике.

Доколку дојде до реализација на оваа трампа на „Сантиаго Бернабеу“ ќе има тројца хрватски репрезентативци, бидејќи таму веќе играат Матео Ковачиќ и Лука Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…