Актуелниот француски шампион сака да го донесе големиот талент на Реал Мадрид. Според пишувањата на медиумите ПСЖ спрема неверојатна понуда од 60 милиони евра за Маркос Љоренте, кој игра на позајмица во Алавес.
Одличниот 22-годишен играч за врска оваа сезона запиша три асистенции во Примера, а за неговиот потпис се заинтересирани голем број на европски гиганти. Меѓутоа „светците“ се спремни да понудат вистинско богатство за играчот кој на крајот на сезоната ќе се врати во Реал Мадрид.
Le PSG offrira 60M€ pour Marcos Llorente (AS) https://t.co/8rNJdwvXIn #PSG #mercatoPSG #TeamPSG pic.twitter.com/pPdsxgRKfN
— Canal Supporters (@CanalSupporters) April 10, 2017
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Љоренте ќе се врати на „Сантиаго Бернабеу“, меѓутоа прашање е дали ќе има место во тимот на Зинедин Зидан, каде го чека пеколна конкуренција.
Останува да видиме дали „кралевите“ ќе се одлучат за негова продажба или ќе го вратат и ќе му дадат шанса во првиот тим.