Волвс во рамките на 25. коло од Премиер лигата на свој терен го совлада Лидс со 1:0.
Одличен натпревар одиграа и двата тима, а на крајот Волвс дојде до победа благодарение на неверојатниот автогол на голманот на Лидс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На овој натпревар беа видени по неколку шанси на двете страни. Јунак беше голманот на Волвс Руи Патрисио кој имаше неколку неверојатни интервенции.
Моментот на одлука се случи во 64. минута. Адама Траоре шутира и ја погодува пречката, а топката од грбот на голманот на Лидс се одбива и завршува во мрежата за предност на домашниот тим од 1:0.
Лидс на сите начини се обидуваше да постигне гол. Постигнаа погодок преку Бамфорд, но беше поништен поради офсајд.
На крајот остана 1:0, а Волвс дојде до 33. бода и го поминаа Лидс на 11. место во Премиер лигата.
In case anyone was looking for that Meslier own goal from the Leeds United-Wolverhampton Wolves game. Unfortunate own goal but get your stats up, Adama Traore😌 #WOLLEE pic.twitter.com/IB7GeuMp7a
— adama traore’s arm day☘️ (@SadSportsFan98) February 20, 2021