Лионел Меси вчера и официјално потврди дека кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами од МЛС лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Славниот Аргентинец по прекинот на соработката со ПСЖ одлучи да се пресели во САД. Меси го избра Интер Мајами покрај понудите за враќање во Барселона и супер богатата од Саудиска Арабија.
Интер Мајами е еден од послабите тимови во лигата со оглед на учинокот оваа сезона, а голманот Ник Марсман смета дека тимот не е спремен за да има играч како Меси во своите редови.
„Мислам дека овој клуб не е спремен за доаѓање на Меси. Имаме привремен стадион, луѓето лесно можат да влезат на терен и нема ограда. На стадионот доаѓаме без обезбедување. Навистина сметам дека не сме спремни, но се надевам дека се ќе се заврши на најдобар начин за клубот“, изјави Марсман.