Дома Трансфер зона Не очекува пеколно лето: ПСЖ посакува тројца играчи на Реал Мадрид

Не очекува пеколно лето: ПСЖ посакува тројца играчи на Реал Мадрид

Како се ближи летниот преоден рок така се повеќе има шпекулации за потенцијални трансфери кои не очекуваат во наредниот период.

Многу клубови сигурно ќе бидат доста активни кога е во прашање менување на играчкиот кадар, а се очекува ова лето европските великани да бидат многу поактивни од вообичаено. Тоа посебно се однесува на Реал Мадрид, кој планира тотална реконструкција на тимот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Кралевите сигурно ќе продадат голем број од своите играчи, а интерес за повеќето од нив е веќе огромен. Останатите клубови со внимание ја следат ситуацијата во Мадрид, а посебно ПСЖ кој сака да се засили токму со играчите од европскиот првак.

ПСЖ е веќе во контакт со Реал Мадрид и покажале интерес за тројца играчи на овој клуб. Дејли Мејл пренесува дека на мета на Парижаните се Герет Бејл, Тони Крос и Иско.

Наводно, францускиот клуб е спремен да плати околу 180 милиони фунти за ова трио, но се уште не е јасно дали сите тројца ќе бидат ставени на трансфер листата. Сигурно е дека Бејл ќе го напушти клубот, додека за Крос и Иско се уште нема информации.

Од друга страна, и ПСЖ сака да направи место во екипата за нови засилувања, а наводно Паркот на принцевите ова лето ќе го напуштат Дракслер и Кавани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …