Дома Останати Кошарка Не знае за крај: Најстариот кошаркар во НБА ќе игра и наредната сезона

Не знае за крај: Најстариот кошаркар во НБА ќе игра и наредната сезона

Легендарниот крилен кошаркар потпиша за Атланта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најстариот кошаркар во НБА лигата не се откажува. Легендарниот Винс Картер (41) и наредната сезона ќе игра во најсилната лига во светот.

Картер потпиша едногодишен договор со тимот на Атланта.

Во овој тим легендарниот кошаркар пристигнува како слободен играч, а ќе заработува, 2.4 милиони долари. Сезоната која следи за него ќе биде 21 во професионалната коашрка, а колкава трага остави во САД сведочи и податокот што неговиот соиграч Три Јанг не бил роден кога Винс во 1998 година се појавил на драфтот.

Од таа година тој настапуваше за Торонто, Њу Џерси, Феникс, Далас, Мемфис и Сакраменто, постигна 24.868 и се очекува со своето искуство да помогне на младиот состав на Атланта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Има 14 години и е висок 214 сантиметри, а на паркетот никој ништо не му може: Дали кошаркарската ѕвезда на Барса ги лажирала годините?

Мохамед Дабоне, еден од најперспективните млади кошаркари во Европа и член на Барселона, п…