Дома Останати Кошарка НБА Мајами ја исфрли Атланта, победи за Феникс и Мемфис

Мајами ја исфрли Атланта, победи за Феникс и Мемфис

Кошаркарите на Мајами Хит на свој терен вчера ја победија Атланта Хокс со 97:94 и се пласираа во наредната рунда од плеј-офот во НБА лигата.

Мајами без поголеми проблеми успеа да слави во серијата против Атланта бидејќи ја доби со 4:1. Во возбудлив натпревар изминатата вечера Атланата во финишот се обиде да остане во живот во оваа серија, но на крајот гостите успеаа да ја завршат работата. Оладипо беше предводникот на Мајами со 23 поени, додека Адебајо додаде 20 и уште 11 скокови и четири асистенции. Кај екипата на Атланта се издвои Хунтер со 35 поени, 11 скокови и две асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во четвртфиналето Мајами ќе игра против подобриот од серијата помеѓу Филаделфиај и Торонто, во овој момент Филделфија води со 3:2.

Мемфис Гризли на свој паркет ја добија Минесота со 111:109 и поведоа со 3:2 во оваа серија. Морант го водеше Мемфис од победата со 30 поени, 13 скокови и 9 асистенции.

На свој паркет славеше и Феникс против Њу Орлеанс со 112:97 и така поведоа со 3:2 во оваа серија. Феникс одигра одличен натпревар, а се истакна Бриџис со 31 поен, пет скокови и две асистенции. Инграм беше најдобар кај гостите со 22 поени, додаде уште пет скока и асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…