Дома Останати Кошарка НБА Денвер лесно против Атланта, пораз за Милвоки после продолженија 🎥

Денвер лесно против Атланта, пораз за Милвоки после продолженија 🎥

Денвер стигна до убедлива победа против Атланта на гости, а одново одличен беше српскиот центар Никола Јокиќ.

Јокиќ на паркетот помина 26 минути и за тој период оствари учинок од 20 поени, 10 скока и 7 асисстенции. Натпреварот беше решен во првото полувреме кога Денвер имаше предност од 18 поени. Потоа Јокиќ доби одмор за мечот со Бруклин кој следи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најефикасен кај Денвер беше Бонс Хајленд со 24 поени што е негов рекорд на кариерата. Морис уфрли 21. Во редовите на Атланта Трае Јанг стигна 34 поени и 10 асистенции, меѓутоа немаше поддршка од соиграчите.

Милвоки забележа пораз на гости кај Њу Ореланс од 116:112. Во овој натпревар се играа продолжение откако во регуларниот дел беше 103:103. Холидеј уфрли 40 поени и додаде 5 скока и 5 асистенции кај Милвоки. Кај победниците Грем постигна 26 поени.

НБА Резултати: Орландо – Мајами 105:115, Атланта – Денвер 115:133, Бостон – Голден Стејт 107:111, Њу Орлеанс – Милвоки 116:112, Јута – Сан Антонио 126:128, Минесота – Лејкерси 110:92, Портланд – Шарлот 125:116, Сакраменто – Мемфис 105:124.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…