Дома Останати Кошарка НБА Во натпревар без главните ѕвезди Милвоки дојде на чекор од финалето 🎥

Во натпревар без главните ѕвезди Милвоки дојде на чекор од финалето 🎥

Милвоки Бакс славеа изминатата ноќ на свој паркет против Атланта Хокс со резултат 123:112 и поведоа со 3:2 во финалната серија на источната конференција во НБА.

Ова беше меч во кој и двете екипи беа без своите главни ѕвезди (Јанис Антетокумпо – Треј Јанг). Бакси беа многу подобар противник и водеа од првата до последната минута, на крајот и заслужено стигнаа до победата.
Уште во првата четвртина домаќините беа на плус 20. Се обидоа Хокси да се вратат, но после 12 минути игра останаа на минус 144, 36:22.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До крајот на првото полувреме Бакси со сигурна игра ја одржуваа предноста. Гостите од Атланта успеаа да дојдат на девет поени заостанување на полувремето, но тоа беше се од нив.

Без поголеми проблеми ја задржаа предноста до самиот крај и дојдоа до сигурна победа и на чекор од финалето во НБА каде што ги чека Феникс.

Брук Лопез со 33 поени и седум скокови беше најефикасен, следуваше, Крис Миделтон со 26 поени, 13 скокови и осум асистенции, а вреди да се издвои и Џру Холидеј со 25 поени и 13 асистенции, како Боби Портис со 22 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Познато НБА лигата ќе го добие признанието за МВП во сезоната

НБА доцна синоќа соопшти дека МВП наградата за регуларниот дел од сезоната ќе биде доделен…