Челзи го договори трансферот на Рагим Стерлинг, но сега преговара за уште еден фудбалер на Манчестер Сити, пренесуваат медиумите на Островот.
Друштво на Стерлинг би можел да му прави Нејтан Аке. Фабрицио Романо објави дека додека дефанзивецот на Сити ги финализирал своите лични услови, Тухел го уверил дека ќе игра важна улога во неговиот проект.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Челзи првично понуди 30 милиони фунти за Холанѓанецот, а Сити е одлучен да добие 40 милиони за неговиот потпис.
Двата клуба продолжуваат со преговори и се очекува во наредните денови да ја „испеглаат“ разликата, најверојатно со вклучување на бонуси.
Аке има договор со Сити до 2025 година, но не добива голема минутажа и самиот инсистира да се пресели во Челзи.
Тоа за него ќе биде враќање на „Стенфорд Бриџ“, каде не доби голема шанса во минатото и беше продаден.