После Кристиано Роналдо нова ѕвезда на Реал Мадрид се најде на „тапет“ на шпанските обвинители.
Шпанските обвинители сега отворија истрага против Бразилецот, Марсело, за кого сметаат дека затаил данок од скоро половина милион евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Обвинителите тврдат дека бразилскиот репрезентативец во текот на 2013 година ја оштетил шпанската држава за точно 490.917.70 евра. Неправилностите се однесуваат на компанијата која се грижела за неговата заработка од личните права.
Марсело кој во Реал пристигна во 2007 година е последниот фудбалер кој е обвинет за затајување данок во Шпанија.
Минатата година Лионел Меси и неговиот татко беа прогласени за виновни според три точки од обвинителските органи и се сметаше дека ја оштетиле власта за сума од 4.1 милион евра од приходите остварени од личните права.
Кристиано Роналдо, Рикардо Карваљо, Анхел Ди Марија, Хавиер Маскерано, Радамел Фалкао и Фабио Коентрао се помеѓу фудбалерите кои се под истрага на шпанските власти поради истите причини.