Kристиано Роналдо изминатото лето пристигна во редовите на Јувентус овој трансфер израдува голема број навивачи, како и играчи на Јувентус, но сегашниот напаѓач на Челзи Гонзало Игуаин испадна најголемиот губитник во целата зделка.
Претходните сезони Игуаин беше редовен член на првиот на Јувентус. Но, како што кажавме минатото лето тоа се промени. Кога Роналдо пристигна во редовите на Јувентус еден напаѓач мораше да си замине, а поради големата плата која ја имаше Игуаин беше одлучено тој да биде „избраникот“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прво Игуаин беше испратен во редовите на Милан како позајмен играч, но на „Сан Сиро“ воопшто не се прослави. Кога дојде јануарскиот преоден рок Игуаин направи се за да го убеди клубот да го пушти во Челзи.
Сепак, сега е јасно дека Игуаин нема да се задржи ниту во Челзи бидејќи лондонскиот клуб нема право да купува нови играчи. Но и кога би можеле тешко дека би се одлучиле да го откупат неговиот договор бидејќи Аргентинецот не покажа премногу.
Јасно е дека и во Јувентус сега нема место за него, па прашање е каде на крајот ќе заврши Аргентинецот. „Старата дама“ сигурно ќе направи се за тој да не остане во Торино. Потенцијални купувачи на повидок засега нема.
На крајот од сето ова можеме да заклчиме дека Гонзало Игуаин е најголемиот губитник во трансферот на Кристиано Роналдо.