Дома Фудбал Останато НАЈАВА: Претстои „луда“ вечер во Лига Европа

НАЈАВА: Претстои „луда“ вечер во Лига Европа

Денес претстои уште една интересна вечер во Лига Европа со првите натпревари од четвртфиналната фаза од најмасовниот европски турнир.

Сите средби ќе стартуваат во 21:05 часот и се очекува да бидат исклучително непредвидливи. Резултатите од денешните натпревари пак ќе дадат знак кои тимови ќе имаат поголема шанса за пласман во полуфиналето.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Еден од најинтересните дуели ќе се игра во Мадрид, каде Атлетико го пречекува Спортинг Лисабон. Домаќините се сметаат за еден од главните фаворити за победа на турнирот, но сигурно нема да им е лесно против „Лисабонските лавови“, кои повеќе пати се покажувале дека се многу непредвидлив ривал.

Според букмејкерите Атлетико е апсолутен фаворит во овој меч. Па така според 10Bet обложувалницата коефициентот за победа на домаќините изнесува 1.32 за реми 4.85, додека за победа на гостинот коефициентот изнесува 11.00.

Другиот голем фаворит Арсенал пак ќе го пречека на својот „Емирати“, рускиот гигант ЦСКА Москва. Тимот од Лондон се надеваат на голема победа за максимално да си го олеснат на гостувањето во Москва следната недела. Овој турнир е единствена шанса на „топџиите“ да обезбедат пласман во ЛШ за следната сезона, па сигурно ќе дадат се од себе да се пласираат во следната фаза.

Според букмејкерите домаќинот е голем фаворит. Па така според 10Bet обложувалницата коефициентот за победа на Арсенал изнесува 1.32 за реми 5.10 додека за победа на ЦСКА коефициентот е 10.25.

Интерес кај фановите буди и натпреварот помеѓу Лацио и Салцбург. „Орлите“ продолжуваат да импресионираат со својот напаѓачки стил, и во серијата А и во Лигата на Европа. Со секоја наредна фаза, амбициите на италијанскиот тим растат и тој се повеќе погледнува кон трофејот. Австријците пак се најпријатното изненадувања на турнирот до моментов, па во никој случај не треба да се потценуваат.

Домаќинот е фаворит и коефициентот за победа на Лацио според 10Bet изнесува 1.83, за реми 3.60, додека за победа на Салзбург коефициентот е 4.30.

Во последниот натпревар се среќаваат Лајпциг и Олимпик Марсеј. Стануав збор за два напаѓачки ориентирани тима кои сигурно ќе понудат спектакл за гледачите. Ова воедно е и најизрамнетиот дуел во оваа фаза, па сигурно паникот ќе биде отворен до последниот свиреж на судијата.

Според 10Bet коефициентот за победа на Лајпциг изнесува 1.63 за реми 4.05, додека за победа на Марсеј коефициентот е 5.25.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …