Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис почна да размислува за продажба на Калиду Кулибали.
Кулибали е на мета на многу европски гиганти, а самиот Де Лаурентис призна дека „секоја приказна има свој крај“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овие вести ги израдуваа премирелигашите, односно Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Челзи кои бараат засилувања во одбраната, а Кулибали би можел да биде вистинско решение за нив.
„Граѓаните“ платија 40 милиони фунти за Нејтан Аке од Бормут, но и покрај тоа, Пеп Гвардиола планира да троши пари за да ја засили одбраната, а токму Кулибали може да му донесе стабилност во тимот.
Останува да видиме кој ќе ја добие битката за искусниот дефанзивец и колку пари ќе заработи Наполи за неговиот потпис.