Грчкиот фудбалер Костас Манолас договорил трансфер во Наполи, јавува „Sky Sport“, а пренесуваат речиси сите италијански медиуми.
Манолас минатата сезона беше пред излезни врати од Рома, кога интерес за него покажа Манчестер Јунајтед. Меѓутоа, грчкиот репрезентативец ги одби „Црвените ѓаволи“ и одлучи да остане на Олимпико. Но, изгледа дека дојде време за разделба со римскиот клуб. Споменатиот медиум јавува дека Манолас одлучи да ја напушти Рома, но дека ќе остане во Серија А.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според тврдењата на споменатиот извор, Манолас потпишал договор со Наполи и во следните денови би требало се да биде официјализирано. Имено, преговорите помеѓу Наполи и Рома нема да има, бидејќи клубот од Наполи ја активираше откупната клаузула од 36 милиони евра. Манолас договорил тригодишен договор според кој ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.
Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти инсистирал на доаѓањето на грчкиот стопер кого го гледа како совршен партнер со Кулибали. Да додадеме дека Наполи ќе го напушти искусниот стопер Раул Албиол кој кариерата ќе ја продолжи во Виљареал.