Дома Фудбал Надежите останаа непоразени и на вториот тест во Хрватска – ремизиравме против Саудиска Арабија

Надежите останаа непоразени и на вториот тест во Хрватска – ремизиравме против Саудиска Арабија

Репрезентацијата на Македонија до 21 година остана непоразена и на вториот тест на силниот турнир во Хрватска во Свети Мура.

Претходно нашите младинци ја совладаа репрезентацијата на Албанија, (2:0), а денес ремизиравме со Саудиска Арабија (1:1).

Во овој натпревар нашите момци имаа големи шанси и да забележат победа затоа што не реализиравме пенал во првото, па во самиот финиш примивме гол за 1:0. Во второто полувреме успеавме да го изедначиме резултатот со голот на Марио Илиевски кој беше стрелец и против Албанија.

Може да се каже дека оваа младинска репрезентација одигра два добри натпревари, а селекторот Драган Канатларовски сега има подобра слика со што располага во новиот евроквалификациски циклус.

с.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мерсон го вклучи алармот: За Ливерпул нема титула без победа над Арсенал

Пол Мерсон смета дека неделното дерби на „Енфилд“ е клучен тест за шампионските амбиции на…