Мартина Навратилова важи за една од најдобрите тенисерки на сите времиња, таа сега го критикуваше во овој момент светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ има желба да формира Асоцијација на тенисери и тоа не и се допадна на Навратилова. Навратилова го нападна Ѓоковиќ и кога одби да се појави на прес-конференција по скандалот на „УС Опен“ со удирањето на судијката со топче.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мисли дека ја прави вистинската работа, но греши. Таквиот ангажман сигурно не му носи подобра игра на теренот, не го разбирам. Најдобар си и треба да ја чуваш енергијата за мечевите. Не треба да се опушташ така што ќе делиш памет, токму тоа го прави тој. Доколку сака да се релаксира може да гледа ТВ, да плете, да обработува дрво…Формирањето на синдикат не помага во ниту една ситуација. Такво нешто може да направите кога ќе бидете во пензија, сега со себе си влече и контроверзии“, критикуваше Навратилова.