Египетскиот фудбалер, Мухамед Салах игра неверојатна сезона во дресот на Ливерпул.
Овој одличен крилен напаѓач на „Енфилд“ пристигна минатото лето од Рома за „само“ 40 милиони евра, а многумина сметаат дека „Волчицата“ прелесно се откажа. Иако и во Рим играше одлично, Рома одлучи да го пушти за дефинтивно мали пари, а денеска сигурно Салах вреди многу повеќе.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Тој сега се поврзува со Реал Мадрид што неодамна го потврди и селекторот на репрезентацијата на Египет, а тренерот на „Кралевите“, Зинедин Зидан додаде бензин на огнот за навивачите на Ливерпул. Тој за странските медиуми пред финалниот натпревар на Светското првенство говореше за Египќанецот само во суперлативи.
„Салах е одличен играч. Тоа го покажа и во Рома и сега во Ливерпул. Тој се уште е млад и константно напредува. Не сакам да зборувам многу за играчи кои не играат во мојот тим, но тој е играч кој многу го ценам“, изјави Зидан.
Потсетуваме, фудбалерите на Реал Мадрид нешто подоцна во текот на денот го играат финалниот натпревар за Светското клупско првенство против Гремио.