Новак Ѓоковиќ денеска беше поразен од на Јунајтед Купот во Перт од Алекс Де Минор со 2:0, но фановите се повеќе загрижени за повредата која го мачеше Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ во натпреварот пред Де Минор се повреди, но победи, сепак таа повреда на зглобот му правеше проблеми денеска и тоа можеше да се забележи.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
На почетокот Ѓоковиќ лесно ги добиваше гемовите, меѓутоа како што времето одминуваше веројатно поради заморот болката во зглобот на Ѓоковиќ беше се посилна, па Де Минор го искористи тоа и успеа да слави.
За Ѓоковиќ ова беше прв пораз на австралиско тло по шест години и 43 победи во низа. Навивачите не се загрижени толку поради овој пораз, туку повеќе поради тоа што повредата дојде непосрeдно пред Австралија Опен кој се игра од 14-ти до 28-ми јануари.