Дома Фудбал Англија Навивачите бараат отказ, раководството на Јунајтед донесе одлука за Тен Хаг

Навивачите бараат отказ, раководството на Јунајтед донесе одлука за Тен Хаг

Стратегот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг се наоѓа под голем притисок на јавноста откако „црвените ѓаволи“ вчера беа поразени од Галатасарај во Лигата  на шампионите.

Манчестер Јунајтед имаше лош почеток и во англиското првенство, па незадоволството е се поголемо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Колку се незадоволни навивачите можеше да се види и во вчерашниот натпревар кога на трибините имаше повеќе фанови на турскиот гигант, отколку домашни навивачи.

Се бара отказ за холандскиот стратег, а најмногу му се замерува на потрошените 55 милиони евра за Андре Онана кој засега изгледа како големо промашување. Ќе потсетиме, Јунајтед поради Онана не го продолжи договорот со Давид Де Геа.

Но, газдите на Манчестер Јунајтед имаат поинакво мислење и тие засега не сметаат дека Те Нахаг треба да биде отпуштен. Холанѓанецот одржал состанок утрово и било одлучено да го води тимот и понатаму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лудо дерби во Премиер лигата: Три пенали за 15 минути и тензии по промашениот пенал

ВЕСТ ХЕМ и Брајтон го завршија натпреварот во 2025 година со реми, 2:2, во спектакуларна с…