Aнглиските медиуми од утрово на големо пренесуваат дека Давид Де Геа по крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Јунајтед.
Договорот на Де Геа со Јунајтед е до јуни 2023 година, а раководството на клубот одлучиле да не му понудат нова соработка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со заминувањето на Кристијано Роналдо Де Геа стана најплатениот фудбалер на Манчестер Јунајтед со плата од 22 милиони евра годишно.
Во редовите на Манчестер Јунајтед Де Геа пристигна во 2011 година за сума од 25 милиони евра од Атлетико Мадрид. Во изминатите години блескаше на голот, меѓутоа неговата форма во последниот период е во пад, па од клубот одлучиле да не му понудат нова соработка.
Информациите од Островот се дека 25-годишниот Хендерсон кој е на позајмица во Нотингем Форест би требало да го наследи Де Геа.