Според пишувањата на англиските медиуми се „крчка“ најскапиот трансфер во историјата на Премеир лигата од 120 милиони фунти.
Во последно време главна тема на Островот е Деклан Рајс, одличноиот играч за врска на Вест Хем чија цена постојано расте.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тајмс“ пренесува дека Вест Хем му поставил цела од 120 милиони фунти, а најсилен интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед и Челзи.
Рајс одби да го продолжи договорот со „чеканите“, кој му истекува во 2024 година, па таа наговести дека на лето е спремен да направи голем трансфер.
Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е спремен да го сруши сопствениот трансфер рекорд и да понуди 100 милиони фунти за неговиот потпис.
Истата сума е спремен да ја плати и Челзи, но Вест Хем не попушта и за слободата на својата ѕвезда бара 120 милиони фунти, што ќе биде најскап трансфер во историјата на Премиер лигата.