Изгледа дека на Жозе Мурињо му било одобрено засилување од 100 милиони фунти, барем така тврдат медиумите.
На Манчестер Јунајтед му е потребно засилување во одбраната и тоа е јасно, во текот на летото Португалецот се обиде со неколку имиња, но не успеа да ја засили последната линија од тимот.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Предупредуваше Мурињо дека одбраната е слаба, а тоа се покажа и на теренот, Манчестер Јунајтед на 11 одиграни натпревари постигна дури 18 погодоци што секако е поразителен факт за стилот на Мурињо кој се базира на одбраната.
Сега наводно од клубот му одобриле огромно засилување. Англиски „The Sun“ пласираше вест која потоа се пренесе и на oстанатите светски медиуми според која Јунајтед ќе понуди 100 милиони фунти за Рафаел Варан од Реал Мадрид.
Варан игра одлично и ќе биде навистина тешка мисија. Го освои Мундијалот со Франција, а Мишел Платини неодамна изјави дека ја заслужува „Златната топка“.
https://www.youtube.com/watch?v=AlaVmq-flwQ