Дома Фудбал Англија На Ливерпул му олесна: Ништо од суспензијата на Салах

На Ливерпул му олесна: Ништо од суспензијата на Салах

Фудбалерите на Ливерпул викендов ремизираа на домашен терен против Стоук, а во центарот на вниманието после натпреварот се најде Мохамед Салах.

Египќанецот оваа сезона е најдобар фудбалер на Ливерпул и до сега има постигнато 31 гол во Премиер лигата. Меѓутоа, на Салах не му „одеше“ на мечот со Стоук, а денес се појавија шокантни информации дека би можел да биде суспендиран.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Имено, се појави информација дека ФА го истражува моментот кога Салах наводно се обидел да го удри противничкиот играч. Англиските медиуми пренесоа дека Египќанецот би можел да биде суспендиран на три натпревари.

Сепак, на „Енфилд“ може да воздивнат, бидејќи ФА денес потврди дека Салах нема да биде суспендиран бидејќи јасно се гледа дека немал намера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѓокереш ќе се „жртвува“ за трансфер во Арсенал, но Спортинг сè уште не дава „зелено светло“

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш, направи голем чекор кон потенцијален трансф…