Дома Фудбал На Зидан му олесна: Модриќ спремен за големото дерби!

На Зидан му олесна: Модриќ спремен за големото дерби!

Иако од таборот на Реал Мадрид стравуваа за црно сценарио пред дербито со Атлетико Мадрид, сепак тоа нема да се случи бидејќи Лука Модриќ ќе биде спремен за натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Модриќ имаше проблеми со полесна повреда и го пропушти вчерашниот тренинг, сепак на радост на тренерот Зидан, Хрватот утрово регуларно тренираше со остатокот од тимот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Лука Модриќ ќе биде спремен за големото дерби против Атлетико, а покрај него најверојатно и Матео Ковачиќ ќе се врати во тимот.

Зидан има големи проблеми со повредени фудбалери, па Герет Бејл, Кејлор Навас и Дани Карвахал сигурно нема да бидат спремни за градското дерби.

Утрешното дерби ќе биде од големо значење за „кралевите“ со оглед на фактот дека веќе заостануваат 8 бода зад лидерот Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…