Дома Фудбал На Ето му се заканува 10 години казна затвор

На Ето му се заканува 10 години казна затвор

Самуел Ето има слични проблеми со кои се соочија Лео Меси и Нејмар, откако шпанското обвинителство побара казна затвор во времетраење од 10 години поради неплаќање на данок.

Шпанските даночници откриле дека Камерунецот, во периодот кога настапувал во Барселона затаил данок во износ од 3,5 милиони евра.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Ето е еден од првите фудбалери кој се соочи со шпанските правосудни органи поради неплаќање на данок, потоа започна серија на судења на познати фудбалери, а на обинителната клупа меѓу другите се најдоа Меси, Алексис Санчез и Нејмар.

Обвинителот за Ето побарал десетгодишна затворска казна, а доколку биде прогласен за виновен, Камерунецот ќе треба да плати и парична казна во износ од 14 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали судијата ја оштети Германија? 🎥

Германската репрезентација беше елимнирана од Шпанија во четвртфиналето на ЕП, откако посл…