„Кога ние загубивме таму, тогаш секој може да загуби“, изјави Енрике за следните противници на Реал Мадрид.
Барселона вчера го одработи својот дел од задачата со победата над Лас Палмас и така го продолжи притисокот врз Реал Мадрид, кој до крајот на сезоната мора да освои четири бода на гостувањата кај Селта и Малага за да ја освои титулата прв пат после 2012 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонците се уште се надеваат дека не е се загубено и дека можат да стигнат до титулата.
„Реал има два тешки натпревари, против Селта и Малага, противниците од кои ние загубивме“, прокоментира тренерот на Барселона и додаде:
„Ако ние загубивме таму, значи секој може да загуби“.
Меѓутоа, инетерсно е што претседателот на Малага во неколку наврати јавно изјави дека сака титулата да ја освои Барселона, а не Барса кој во последното коло ќе го пречека Еибар.